Џејла Рамовиќ проговори за врската со Марија Шерифовиќ. Доста се шпекулираше за врската на Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ, а победничката на „Ѕвездите на Гранд“ реши да стави крај на шпекулациите.
-Досега ме поврзуваа со кој било, со кого и да ме видат. Некако е смешно, не е важно кој, што… На емотивен план сè уште нема ништо, тоа е тоа, нестабилно! – изјави Џејла Рамовиќ.
– Што би требало да има идеалниот маж? Ух, тоа е многу тешко прашање за мене, никогаш не знам како да го дадам вистинскиот одговор. Сите мои претходни беа сосема различни. Барам почит и разбирање. Моите врски отсекогаш биле тајни – истакна тогаш таа за телевизијата „Е“.
Припадниците на седмата сила ја прашале за нејзината сегашна врска со пејачката Марија Шерифовиќ, со која некогаш соработуваше и патуваше.
– Каков однос имам со Марија? Само ве чекав… (се смее) Ајде, прашајте ја неа некогаш. Зошто не ме прашате за некој друг? – рече Џејла, а потоа искоментира блиската пријателка и колешка на Марија Јована Пајиќ и нејзиниот хит „Лудило моје“.
– И посакувам се најдобро. Таа песна на сите им го одбележа летото – додала Рамовиќ.
фото: printscreen/instagram/dzejlaramovic