Пејачката Александра Тадиќ Ципка (32) кон средината на мај го загуби сопругот Небојша Јарин Стојиќевиќ, кој почина на 52-годишна возраст од срцев удар.
Неколку месеци по оваа трагедија, пејачката му подигна споменик на својот сопруг, а ги изненади сите купувајќи за себе гробно место до него. Покрај неговата фотографија, на споменикот ставила и своја слика.
За потсетување, Ципка на социјалните мрежи сподели емотивна порака 40 дена по смртта на нејзиниот сопруг, со која го најави враќањето на работа.
Таа нагласи дека ќе продолжи да пее и да ги почитува сите закажани настапи, иако загубата на сопругот и била исклучително тешка.
Во објавата таа му изрази љубов на Небојша, велејќи дека живее и пее во негова чест и дека се „посилни од судбината“.
– Што се однесува до мојата работа, пеењето, продолжувам таму каде што застанав. Подготвив секакви нови работи, но потоа… Знам дека има многу од вас на кои им се допаѓа мојата претходна работа, и поради вашата поддршка и љубов се враќам и продолжувам! Се гледаме на сите закажани прослави и настапи! Ќе ве почитувам сите затоа што тоа го заслужувате! Живеам и пеам за мојот Небојша, мојата поддршка, мојот идол и вечна љубов! Ние сме посилни од судбината – изјави тогаш Ципка.
фото: print Screen/Instagram/aleksandracipka