На еден свој настап, неодамна Наташа Беквалац ја прекина музиката и одржа краток говор.
Како што кажа и самата, сопствениците на клубови имаат проблем кога таа настапува бидејќи на нејзините концерти доаѓаат претежно жени кои не можат да пијат колку што можат мажите.
– Сопствениците на дискотеки и клубови главно превртуваат очи кога треба да им гостувам, не им се допаѓа. Велат жени доаѓаат на моите настапи, чест на исклучоците, а жените велат дека не трошат. Нема голем пазар кога ќе дојдам, а на моите драги жени би сакала да им порачам – да работат, да бидат вредни. Тие си ги плаќаат пијачките и сметките, за моите настапи секогаш да бидат полни со жени, кои имаат свои пари, бидејќи секогаш ќе пеам песни само за жени – изјави пејачката за време на концертот, а публиката ја сними нејзината изјава и ја сподели на социјалните мрежи.
@estrada.mussic 👏🏽👏🏽👏🏽 #natasabekvalac #budva #ponovo #montenegro🇲🇪 #srbija🇷🇸 #beograd #fypシ゚viral #goviral #bulgaria🇧🇬 #fyp ♬ original sound – estrada.musiic
Да потсетиме, Наташа често наидува на бројни коментари за љубовниот живот, а зад себе има три брака.
По разводот со поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, со кој ја има ќерката Хана, Наташа Беквалац се омажи уште два пати, а сега на настапот ја чекала неочекувана ситуација.
Имено, додека таа одржуваше концерт, се обидоа да и стават прстен на раката на Наташа Беквалац. Пејачката во својот духовит стил ги испратила сите, отишла да го земе прстенот, а потоа ја лизнала раката и рекла: „Нема шанси“ и одбила да го стави прстенот.
фото: print Screen/Instagram/natasabekvalacfpofficial