Миа Борисављевиќ (40) не крие дека напорно тренира за да има витка линија, па не е ни чудо што со години ја носи титулата една од најубавите пејачки на јавната сцена.
Пејачката се одлучи за црн костим за капење, на горниот дел имаше синџири под градите, а нејзините облини дојдоа до израз.
– Ако се радуваш на туѓата среќа, тогаш твојата ќе биде уште поголема – напишала кратко Миа во описот на објавата.
View this post on Instagram
Во една прилика Миа открила дека никогаш не прескокнува оброк.
– Појадокот е најважниот оброк во денот. Потребно е за подигање на енергијата во текот на денот, а ако огладнам јадам банана или грст бадеми. За ручек обично трчам во мојот омилен ресторан или нарачувам храна, додека за вечера јадам лесна салата. Важно е да не ги прескокнувате оброците – згодната пејачка откри како ја одржува совршената фигура.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instagram/miaborisavljevic