Фронтменот на славниот рок бенд „Фу Фајтерс“ Дејв Грол откри дека ја изневерил сопругата и неодамна добил дете со љубовницата. 55-годишниот музичар се огласи на Инстаграм и објасни дека прави сѐ за да му прости неговото семејство.
„Неодамна станав татко на нова ќерка, родена вонбрачно. Планирам да ѝ бидам родител со љубов и поддршка“, напиша тој.
„Ја сакам мојата сопруга и моите деца и правам сѐ што можам д ја вратам новната доверба и да ја заслужам нивната прошка. Ние сме благодарни за вашето внимание за сите вклучени деца додека продолжуваме понатаму заедно“, заклучил тој.
View this post on Instagram
Дејв и неговата сопруга, поранешната манекенка и продуцентка Џордин Блум, се заедно повеќе од 20 години. Тие се венчаа во 2003 година, а заедно имаат три ќерки – Виолет Меј (18), Харпер Вилоу (15) и Офелија Сент (10).
Овој рок-музичар свирел на тапани во пионерскиот гранџ-бенд „Nirvana“ од 1990 до 1994 година, кога на 27-годишна возраст почина пејачот Курт Кобејн.
Тој подоцна го формирал бендот „Foo Fighters“ и сними голем број албуми на топ листите, вклучувајќи го и неговиот последен, „But Here We Are“ од 2023 година.
фото:Instagram printscreen/ davestruestories/ You Tube/ Foo Fighters