Радио Милева траен проблем

Драгана Мирковиќ боледува од неизлечива болест од која под терапија мора да биде до крајот на животот (фото)

Драгана Мирковиќ боледува од неизлечива болест од која под терапија мора да биде до крајот на животот (фото)

Блескава долгогодишна кариера, живот како од бајка, се само дел од предметите со кои може да се пофали една од најдобрите српски пејачки Драгана Мирковиќ и гордо да го носи епитетот на среќна жена, но тешкото бреме на популарноста и големата слава што ја стекна влијаеше таа да се соочи со сериозен здравствен проблем.

Болеста предизвика Драган Мирковиќ значително да го промени начинот на живот.

Пред неколку години пејачката откри дека тироидната жлезда и е оштетена до тој степен што ќе мора да зема лекови до крајот на животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic)

– Проблемот со тироидната жлезда настана бидејќи многу работи премолчев. Навистина знае да биде болно кога има грутка во грлото и кога сакаш да зборуваш, но не си дозволуваш да кажеш или да одговориш. И ти знаеш се’, и се’ ти е јасно, и сите знаат се’ и сите молчиме – еднаш си ја отвори душата.

За да ја држи болеста под контрола, таа е принудена да оди на одредена медицинска терапија, но се труди и на природен начин да си помогне колку што може, ја променила исхраната и зема одредени суплементи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic)

– Станува збор за природни додатоци за детоксикација кои го детоксифицираат организмот и во голема мера помагаат и го подобруваат функционирањето на тироидната жлезда – изјавил своевремено извор за „Ало“ и додал:

– Покрај овие суплементи, Драгана мора да го промени начинот на исхрана, но тоа не и е тешко бидејќи инаку е на диета, бидејќи внимава на тежината и е свесна дека здравата исхрана е најдобриот лек против стареење. Овој нов режим ќе и помогне и во тоа, а исто така ќе и ја зајакне функцијата на тироидната жлезда. Во секој случај, Драгана се уште се чувствува добро, но бидејќи се грижи за своето здравје, сака да направи се’ за да биде уште подобра и да го намали проблемот со тироидната жлезда на минимум.

фото:Instagram printscreen/ dragana_mirkovic

To top