Пејачката Зорица Брунцлик со години е на сцената.
Зорица Брунцлик има бројни хитови без кои речиси ниту една прослава не може, а нејзиниот приватен живот често го привлекува вниманието на јавноста.
Овaa пејачка и хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш се во хармоничен брак и ја имаат ќерката Злата, додека Зорица од претходниот брак има три деца.
Таа еднаш откри како се презива на нејзиниот пасош и лична карта, шегувајќи се со фактот дека многумина мислат дека презимето на нејзиниот сопруг е Кемиш, што всушност е неговиот прекар.
„Во мојот пасош јас сум Зорица Аранѓеловиќ. Родена како Зорица Брунцлик. Едно време ме викаа Нина. Нема Кемиш“, изјави еднаш таа во „Амии шоу“, пренесува Блиц.
фото: Print Screen/Instagram