Мисицата Анѓела Јакимовска, одлучи да се прошета низ Хрватска каде покажа како ужива, релаксирајќи се на популарните плажи , а сега ги воодушеви сите со фотографија во бикини.
Познато е дека доста се грижи за својот физички изглед, па за сметка на тоа ужива во комплиментите кои ги добива на Инстаграм.
Таа се сликала на карпестиот предел, кој е вистински рај, но сепак многумина ги остави без зборови поради нејзиниот изглед кој фасциира.
Убавата Македонка овој пат позираше во тигрести бикини за капење и шармираше со нејзината поза допирајќи си ја косата, каде со гордост ја покажа извајана фигура.
Позадината беше само декор за подобро позирање, а очилата за сонце и останатите аксесоари, со кои подоцна се фотографираше, оставија само посилен впечаток за нејзината телесна убавина.
„Јади моли се и уживај“ – кратко напиша таа, покрај фотките кои ги сподели со своите следбеници на социјалната мрежа Инстгарам.
Рамниот стомак, тесниот струк и затегнатите нозе се пример дека е во полн сјај, а нејзините провокативни фотографии на социјалните мрежи кои летово ги споделуваше се доказ за тоа.
фото: Print Screen/ Instgaram/angjelajakimovska