Силвано Комазец почина, а причината за смртта се уште е непозната за јавноста.
Музичарот и мултидисциплинарен уметник од Босна и Херцеговина, Силвано Комазец, почина на 41-годишна возраст.
Силвано е роден во Добој. Тој е еден од основачите на бендот „Игуана“, во кој пееше, пренесува „Кликс.ба“.
Свиреше на тапани во бендот „Реанимација субвести“ и беше фронтмен на групата „Корак 2“.
View this post on Instagram
Комазец беше активен на Тик-ток, објавуваше смешни видеа и го следеа речиси 90.000 луѓе.
Тој ќе биде погребан во вторник на 3 септември на гробиштата во Прибиниќ.
Причината за смртта се уште не и е позната на јавноста.
Printscreen/Instagram/silvano.komazec