Не за џабе рекле дека смеењето е половина здравје, па дури и на сметка да тргне со провокација, по можност добронамерна.
Таква беше и во случајот на познатиот естраден стилист Даниел Николовски кој откако го изиритира, па насмеа Боки 13 со фризурата што му ја направи, сега редот и дојде на пејачката Антониа Гиговска.
На фризерското столче кај Даниел седнуваат доста познати имиња од естрадата, а некои не го менуваат за никој и ништо.
Една од нив е токму Антониа која безрезервно му верува што и да сака да направи со нејзината фризура и шминка, ама овој пат работата не и стоеше на арно.
Откако Даниел сакаше да и направи една „пранк македонска верзија“ и да и намонтира на шега екстензија од коса каква не и одговара, Антониа остана ококорена, па уште во првиот обид му кажа: „Ајде бегај, мавни се!“.
Обидот да ја насамари и да се пошегува, не му успеа како кај Боки 13, но сепак на Антониа не и беше сеедно, сакаше да ја праша и другата своја стилистка, за на крај дури и да прифати да оди како што Даниел само се шегуваше.
Крајниот резултат сепак беше она што навистина треба и одговара, а Антониа како и секогаш задоволна замина на настап.
Слободна и либерална дури и за вакви идеи и шеги, Гиговска покажа дека е духовита ама и спремна за експеримент – дури и ваков.
@danielnikolovskiofficial Pravime #Prank na @antoniagigovska 😂🤍 #antoniagigovska #danielnikolovski #vlog #makedonija #skopje #fyp #funny
фото:Instagram printscreen/ Tik- Tok/ danielnikolovskiofficial1/ antoniagigovskaa