Радио Милева моменти за паметење

Прослава во домот на Татијана Стефановска: Пејачката и сопругот имаа важен повод за славење (фото) 

Прослава во домот на Татијана Стефановска: Пејачката и сопругот имаа важен повод за славење (фото) 

Македонската фолк пејачка  Татијана Стефановска  со сопругот и нејзин колега, музичарот Митко Бежановски  вчера на 28-ми август на Голема Богородица, славеа 12 години брак.

За убавиот повод, односно годишнина од брак, Татијана на својот „Инстаграм“  сподели спомени од нивната венчавка во 2012 година.

Атрактивната пејачка одлучи своите следбеници да ги потсети на венчавката па покажа како изгледале на денот кога ја крунисаа нивната љубов и го  изговорија судбоносното „да“, а на заедничката фотографија во описот напиша „12“.

Парот по долги години брак  добија ќеркичка за која го одбраа името Ана и се исполнија и во улога на родители.

За потсетување, свадбената веселба на Татијана и Митко се одржа во Битола, а на прославата присуствуваа доста познати меѓу кои Татијана Лазаревска и сопругот, Елена Велевска, Сузана Гавазова….

Фото: Print screen/Instagram/tatijana_stefanovska

To top