Глифада на атинската ривиера е дестинацијата која за доцен летен одмор ја избра манекенката Катарина Ивановска каде е заедно со момчето Стефан Ханџиски, двете деца и пријател.
Овој одмор е посебен за македонската убавица затоа што на одмор е со посебни луѓе и го прослави својот 36-ти роденден.
А каде и да е, време за позирање секогаш е идеално, а таа тоа разбирливо го прави врвно!
Стефан беше задолжен да се фотографира, а на пеколните температури таа испрати еротски вибрации.
Го спушти горниот дел на бикинито и легната на гради позираше топлес под сонцето.
Ноќта беше пред нив, создадена за вечера и роденденска здравица за слевеничката и се’ она што и претстои во животот.
Честитки доби многу, а останатото од зад камерата останува интимно и само за нив.
фото:Instagram printscreen/ katarina_ivanovska