Фестивалот „Друга приказна“ годинава се одржува по деветти пат, првпат во „Кафе Станица“ (Ленинова 64а). Дел од програмите ќе се одржат во „Јадро“ и „Ла Кања“.
На книжевниот фестивал што ќе се одржува од 30 август до 1 септември учествуваат десетина странски гости и дваесетина од нашата земја. Фестивалот го организира книгоиздателството „Темплум“.
Во продолжение програмата:
Петок, 30 август
КАФЕ СТАНИЦА (Ленинова 64а)
19 ч.
– „30 години Маргина, 15 години Окно“; со Никола Гелевски разговара Александра Бубевска
– Промоција на првите пет тома (25 мали книги) на новата едиција OK.NO.
21 ч.
– „Овде паѓаат крупни зборови“
Книжевен натпревар со мали фикции, на тема: „Туѓо тело“; учествуваат: Ѓурѓица Чилиќ, Маријана Чанак, Томислав Марковиќ, Будимка Поповска, Хана Корнети и уште десетина писател(к)и од Македонија и регионот; водител: Владимир Лукаш
Сабота, 31 август
ЈАДРО (Алберт Ајнштајн 2)
од 12 до 17 ч.
– Отворена работилница за современ вез, „Текстилен весник“, со Милица Дукиќ (Нови Сад/Краљево)
КАФЕ СТАНИЦА
19 ч.
– Разговор со Адел Зиад (Назарет); водител: Артан Садику
– Промоција на Маргина # 96 (посветена на Палестина; промотор: Здравко Савевски)
20 ч.
– „Што нам ни значи Палестина?“, разговор
Јерко Бакотин (Сплит), Сара Миленковска, Никола Гелевски, Артан Садику; водителка: Фросина Крушкаровска
21.30 ч.
– Вечер на лауреатот – Семездин Мехмединовиќ (разговор; водител: Никола Гелевски)
22.30 ч.
ЛА КАЊА (Стара чаршија)
– Музичка програма: Дуда Буржујка и Хана Корнети
Недела, 1 септември
ЈАДРО
17.00.
– Изложба/презентација
Милица Дукиќ: „Текстилен весник“
КАФЕ СТАНИЦА
18 до 20.30 ч.
– Серија разговори со писател(к)и
Ѓурѓица Чилиќ (Загреб), Маријана Чанак (Суботица), Томислав Марковиќ (Белград), Јерко Бакотин (Сплит), Дуда Буржујка (Ниш)… Водителки: Калина Малеска, Љупка Евроска…
21 ч.
– „Каде припаѓам?“
Промоција на книга произлезена од конкурс за стрип на Хера и Темплум, и доделување на наградите на Луција Давиткова, Гаја Смилевска и Сара Ангеловска