Радио Милева моменти од одморот

Романтични кадри од бродот: Мина ги рашири рацете, а Огњен ја држи цврсто како сцена од „Титаник“ (фото)

Романтични кадри од бродот: Мина ги рашири рацете, а Огњен ја држи цврсто како сцена  од „Титаник“ (фото)

Убавата Мина уште еднаш ги воодушеви сите со својата објава на мрежите.

Водителскиот пар Мина Наумовиќ и Огњен Амиџиќ отпатуваа на море заедно со синот Перун.

Тие двајца се активни на своите мрежи каде секојдневно споделуваат моменти од одморот, што и го направија сега.

Убавата Мина на својот профил објави романтична слика со сопругот.

Имено, Амиџиќ и Наумовиќ застанаа на палубата на бродот имитирајќи сцена од познатиот филм „Титаник“. Водителката ги рашири рацете, додека Огњен застана зад неа и со рацете ја држеше за стомакот. Тие уживаа во моментот, а доказ за тоа се насмевките на нивните лица.

Во продолжение Мина додаде интересен опис:

– Сите ние што мислиме дека Џек ќе преживее, само Роуз малку да го мрдаше з*дникот! – напиша таа.

фото: printscreen/instagram

 

To top