Пејачката Јелена Томашевиќ и Актерот Иван Босиљчиќ уживаат во хармоничен брак во кој добија ќерка, а во 2009 година доживеаа криза, па ја прекинаа врската.
– Се сретнавме каде се снимаше хуманитарен спот. Таму и официјално се запознавме, иако Иван вели дека дотогаш ме сретнал три пати, но јас не се сетив. Секогаш имаше некоја гужва и бевме на „здраво“. Меѓутоа, во тоа време всушност снимавме заедно, но таму не се заљубивме. Помина дури година и половина до моментот кога започнавме врска – изјавила Јелена.
– Јас ги анализирам работите до најситен детал. Секогаш се прашувам како е тоа и зошто. Ме уби таа контрола! Таква сум и во љубовта. Кога почнавме да се забавуваме, тој веднаш предложи да се венчаме, но не разбрав како може сето тоа да го направи толку брзо. Дури ми требаа неколку години да сфатам дека е сериозен – признала Јелена.
Во 2009 година решија да стават крај на својата љубов.
– Тоа се случи пред повеќе од 10 години. Јас и Иван се забавувавме и под притисок на медиумите раскинавме. Секој имаше своја приказна, свое мислење за неа: Треба или не. А Сергеј Ќетковиќ, мојот драг колега со кој се дружам, ми вика: „Ти напишав песна“. И тој ми ја отсвири песната „да ми је да ми се врати мој драги“. Велам дека не доаѓа предвид да му пеам: „Посакувам да ми се вратиш“ – низ смеа изјави Јелена Томашевиќ и додаде: – Навистина, не сакам да ја пеам оваа песна и да изгледам глупаво. И помина некое време, богами, мислам за две години, јас и Иван веќе се помиривме. Во секој случај, во една прилика му реков: „Па, да ти го пуштам тоа што ми го напиша Сергеј, а јас никогаш не сум го пеела“. Кога ја слушна песната, Иван се воодушеви: „Ова е божествено, зошто не ја снимивте“, изјави неодамна пејачката за локалните медиуми.
Меѓутоа, набрзо сфатиле дека грешат.
-Кога повторно ја започнавме врската, по кратка пауза, некако сè тргна на свој начин. Едноставно, така се случува, ме разбираат паровите. Може да има разделба и поминување, но кога се во прашање вистинските работи, човекот не може да избега од она што го следи. И ние имавме среќа што кога сакавме семејство, веднаш го добивме. Тоа не може да се планира – објасни пејачката за тамошните медиуми.
фото: printscreen/instagram/