Младата македонска пејачка Антониа Гиговска по породувањето се откажа од брзата храна и почна редовно да тренира.
Пред скоро една година таа беше на труднички маки па на социјалните мрежи постојано бараше брзо решение за мачнините кои ги имаше поради хормоналните промени во нејзиното тело.
Сега е се’ поинаку и за пејачката тие проблеми веќе се минато. Нејзините предизвици сега се други, а таа очигледно полесно се справува со нив.
Пејачката на кусите приказни на Инстаграм одлучила да сподели и некој совет за здрава (ис)храна.
Така, Антониа освен што си готви за себе, таа реши да ги посоветува и оние кои сакаат да изгледаат убаво и здраво.
Имено, пејачката направила своевиден деликатес, кој веројатно самата го смислила.
„Рецепти за здрави благи кај мене во ДМ“- напишала таа и додала неколку „смајлиња“.
Потоа покажа како сето тоа изгледа откако го подготвила и го сервирала за фотографирање.
И на крај ги наброја состојките за рецептот и постапката, како сето тоа таа го приготвува.
Секако, тоа не остана не забележано од нејзините обожаватели, а веруваме и дека веднаш и пишале за уште многу други вакви креативни рецепти кои се вкусни и лесни за правење.
фото: print Screen/ Instagram/antoniagigovskaa