Колку и да ви се чини дека вашата машина за перење е чиста, бидете сигурни дека тоа не е така. Иако звучи страшно, вашата машина за перење е вистинско легло за бактерии, но нема потреба да паничите. Лесно можете да ја дезинфицирате и исчистите во само неколку чекори.
Ако сакате добро да ја исчистите вашата машина за перење алишта, не мора да потрошите многу пари за скапи производи. Можете и сами да направите одличен „детергент“ за чистење на машината за перење, а најверојатно веќе ги имате состојките во кујната.
Оцет и сода бикарбона
Алкохолниот оцет ќе ја дезинфицира и ќе помогне да се отстрани мувлата, а киселината од оцетот ќе ги отстрани закоравените траги од прашакот за алишта или омекнувачот. Ако добиете непријатен мирис од вашата машина, тогаш сода бикарбоната ќе го реши проблемот. Вметнете една чаша оцет, една чаша сода бикарбона и топла вода, а потоа завртете еден круг.
Сок од лимон
Ако имате проблеми со ‘рѓа, вклучете ја машината на највисока температура, на програмата за вриење. Додадете две чаши цеден сок од лимон. Кога машината ќе заврши со перење, повторете ја истата постапка, но не ставајте сок од лимон. На овој начин, ќе ја исчистите машината од сите нечистотии, вклучувајќи ја и ‘рѓата.