Мегафон концертна прослава

Радовиш во ритам: Игор Џамбазов, Гуру Харе Бенд и Црвена Јабука за Денот на македонските рудари

Радовиш во ритам: Игор Џамбазов, Гуру Харе Бенд и  Црвена Јабука за Денот на македонските рудари

 На 28 август срцето на Радовиш ќе чука во ритамот на незаборавна музика. Вечерта е организирана во чест на Денот на македонските рудари и Денот на градот Радовиш Најдоброто од македонската музичка сцена ќе се сплоти во едно кога маестро Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе бенд ќе ги изведе неговите најголеми хитови. Прослават започнува во 21:00 часот и ќе трае два часа, а публиката ќе ја одведе низ три децениски музички креации на Џамбазов како „Хотел Македонија“, „Каква е оваа ситуација“, „Да си жив и здрав“ и многу други негови незаборвни хитови.

Прославата ќе продолжи во 23:00 часот со настап на екс-рок групата Црвена јабука, кој ќе ги исполни  нивните безвременски хитови како што се „Некако со пролетт“, „Таго, несреќо“ и „Мое најмило..“. Организаторите ветуваат вечер исполнета со одлична забава, квалитетна музика и настан кој не само што не може да се пропушти, туку ќе биде вистинско музичко патување низ времето посветено на сите љубители на добрата музика. Радовиш е подготвен за незаборавна вечер и ве покануваме да ни се придружите придружете ни се да го прославиме овој посебен ден заедно.

To top