Пејачката Ивана Џордан доживеа пех на сцената за време на еден настап, а тоа реши да го сподели со публиката на својот профил на Инстаграм.
Имено, таа додека пееше на бината, враќајќи се наназад не го забележа вклучениот вентилатор кој беше поставен да ја разладува пејачката заради неподносливата жештина, па во еден момент се сопнува и губи рамнотежа.
Ивана за среќа тетеравејќи се некако успева да остане на нозе, да не падне и да не се повреди. Поточно, пејачката за малку што не се испружи на сцената, па откако се сопна на вентилаторот, за малку што „не го бакна подот“!
„Мачката и кога паѓа, сепак се дочекува на нозе. Пех на инаку прекрасниот концерт во Ниш, на летната сцена на нишката тврдина“ – напишала пејачката која за малку ќе ја „загубеше главата“ на работното место.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/ivanajordan_