Радио Милева Фризура на девојка, а тело на божица

Глетка која ретко ја гледаме: Еве како изгледа Јелена Ѓоковиќ во бикини (фото) 

Глетка која ретко ја гледаме: Еве како изгледа Јелена Ѓоковиќ во бикини (фото) 

Сопругата на најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ важи за дама со стил.

Таа со своите аутфити редовно е инспирација за другите жени, а особено ја обожаваат умереноста и природниот изглед кој го негува со години.

Јелена најчесто ја гледаме дотерана, а нејзината фотографија во костим за капење е вистинска реткост.

Таа во една прилика на својот Инстаграм објави прекрасен момент од плажа со што ги воодушеви нејзините следбеници.

Наследникот Стефан Ѓоковиќ ја фотографираше својата мајка видно среќна и насмеана на плажа со пунџи на главата, а Јелена го опиша овој момент:

– Стефи сега е во фаза кога сака да се слика, а не само ние да го сликаме. Тој отсекогаш бил ѕвезда, а сега сака да ја држи камерата. Кога ја фотографира мама, мама е најубава на светот! Додуша, можете да видите само некои делови од мене бидејќи кога слика, слика прст, рака, една нога, песок… и така натаму – напиша Ѓоковиќ и ги насмеа луѓето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

фото: printscreen/instagram/jelenadjokovicndf

To top