Слободан Боба Живојиновиќ во младоста важеше за еден од најубавите Југословени. Покрај тоа, долги години професионално играше тенис, па долго време беше во врвна форма.
Меѓутоа, кога се повлече од спортот, ситуацијата драстично се промени.
Освен што сега има поинаков животен ритам, Боба Живојиновиќ ужива и во вкусна закуска, па не е чудно што килограмите почнаа да се таложат. И покрај тоа, шармот не го остави.
View this post on Instagram
Денеска сопругот на Лепа Брена полни 61 година. Малкумина знаат дека Брена всушност е постара од него.
Имено, Живојиновиќ е роден на 23 јули 1963 година, додека Лепа Брена е родена три години порано, на 20 октомври 1960 година.
Да потсетиме, декември 1991 година Југославија умира, а болните извештаи од бојното поле ги прекина една среќна вест – Лепа Брена се омажи.
View this post on Instagram
Вечерта Дневник беше прекинат во 8:30 за да можат од лице место актерите на локалната свадба на векот да ги поздрават гледачите.
Една од најголемите ѕвезди на овие простори го кажа судбоносното „да“ на тенискиот ас Слободан Боба Живојиновиќ во холот на хотелот „Интерконтинентал“, а гала прославата и децении подоцна се прераскажува со грандиозни епитети.
Свадбата, се проценува, чинела 50.000 германски марки, што за тоа време било богатство. Приготвени се дури 650 јадења, тортата имаше пет ката, пристигнаа подароци од целиот свет (кумот Борис Бекер не можеше да дојде, но им го испрати најновиот мерцедес), а фолк ѕвездата блесна во венчаница од куќата „Диор“.
фото:Instagram printscreen/ bobazivojinovicfan