Радио Милева трето, па машко

Добредојде Борис: Познатата српска актерка на свет го донесе третото дете (фото)

Добредојде Борис: Познатата српска актерка на свет го донесе третото дете (фото)

Познатата српската актерка Тамара Драгичевиќ која изминатиот период беше ултра актуелна поради улогата во филмот „Тома“ , стана мајка по третпат.

Тамара и нејзиниот сопруг Петар Бечина добија син, а убвата вест таткото ја сподели на Инстаграм.

„Некаде околу 4 часот и 30 минути по излегувањето во град свративме до болницата„ Драгиша Мишовиќ“. Ти си неверојатна“, напиша Бенчина во саботата на Инстаграм и додаде дека на синот му го дале името Борис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Bencina (@petarbencina)

„Нека е најсреќен“, „Честито легенди, браво мамо“, „Прекрасно!!!“, напишаа во коментарите на објавата.

Тамара преходно објави фотографија од болница која наедно го најавуваше големиот чин.

Нејзин пријател сподели детали за Тамара. Имено, актерката прво го поминала денот на снимање, „хранејќи ја“ екипата со супа, а потоа се спремила за излегување и дури на крајот отишла во породилиштето.

Актерскиот пар е во брак од 2016 година, а ова им е трето дете. Тамара и Петар претходно ги добија ќерката Сташа и синот Лазар.

Тамара ја играше Силвана Арменулиќ во филмот „Тома“, само 10 месеци откако го роди своето второ дете. Нејзиниот сопруг исто така глумеше во споменатиот филм. Тој го отелотвори докторот од Воено-медицинската академија во Белград кој го лекуваше Тома Здравковиќ.

фото:Instagram printscreen/ petarbencina
and
tamaradragicevic

To top