Миа Костова е несомнено една од најпознатите, ако не и најпозната македонска инфлуенсерка во момемнтов.
Поранешната ТВ водителка сега е активна на социјалните мрежи, а своите профили ги користи како простор каде може да си каже сѐ.
Миа овој пат се фотографирала видно расположена, а причината за широката насмевка е дефинитивно голема.
Таа сега привлече внимание со најновата објава која ја сподели со следбениците каде им откри дека сама се почестила со нов скап автомобил.
Миа не штедела и си купила бело „бе-ем-ве“ за кое искеширала доста.
„Здраво бејби. Од мене за мене“, додаде во описот на фотографијата која ја сподели на кратката приказна.
Миа долго време потрошила барајќи го идеалното возило за неа, а на крајот одлучила изборот да падне токму на оваа, па веруваме дека може да биде инспирација за некој кој во моментов е на истите слатки „маки“.
фото: printskrin/instagram/miandrija