Изложба, промоција на книга, три театарски претстави и една претстава за деца се дел од фестивалот Македонско културно лето во Општина Пустец, Албанија, чие 19. издание тече.
Фестивалот се отвори во Музејот посветен на албанскиот писател со македонско потекло Стерјо Спасе во селото Глобочани, со изложба на дела од скулпторот Синиша Новески и промоцијата на книгата „Македонското традиционално пеење во Мала Преспа, Гора и Голобрдо“ од поп-пејачката Андријана Јаневска, виолинистка во Операта и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје. Јаневска пред десет години почнала да собира народни песни одејќи во повеќе села во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора.
Фестивалот го отвои минстерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој рече дека преку културата, „ги уриваме границите и ги засилуваме врските со нашинците“.
Фестивалот го организира Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, чија цел е заштита, развој и промоција на македонската култура кај македонското малцинство во оваа земја.