Радио Милева „за арно за убаво“

Ѓорѓе Давид редовен на македонски терен: Средбата со оваа позната „риба“ му стана навика (фото)

Ѓорѓе Давид редовен на македонски терен: Средбата со оваа позната „риба“ му стана навика (фото)

Српскиот пејач, актер и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид е се почест гостин во Македонија.

Иако изминатиот период мораше да се јавува пред законот поради несреќета која му се случи пред неколку месеци, сега беше дојден за убава работа.

Секогаш кога е на наш терен, Давид редовно е во друштво на убави жени, а ако тоа не е неговата соработничка и пријателка Вера Мештеровиќ, тогаш сигурно е уште една згодна Македонка со која веќе е близок уште од минатата година кога и беше ментор во „Ѕвездите на Гранд“ – Андријана Петрушовска.

Овој пат на кафе средба ги спои манифестацијата „Културно лето“ Кисела Вода каде и двајцата ќе земат учество.

Ѓорѓе е единствениот од Србија меѓу присутните,  а од приложеното може да се види дека токму најавата на настанот за медиумите заедно со градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски, помина со сите естрадни имиња кои ќе бидат вклучени.

Убава прилика со убави луѓе и за убави нешта, Ѓорѓе Давид заврши работа во Скопје и назад кон Белград, но не за долго повторно на иста рута од мапата и агендата за работа.

фото:Instagram printscreen/ djordje_david

To top