Радио Милева (цветна) вечер за паметење

Водителката е „вегански канибал“: Ја поканија на вечера, а Снеже Велков го изеде Драгољуб! (ВИДЕО)

Водителката е „вегански канибал“: Ја поканија на вечера, а Снеже Велков го изеде Драгољуб! (ВИДЕО)

Македонската ТВ водителка Снеже Велков ја поканија на деловна вечера во еден отмен скопски локал. Друштвото одбрано, екипата составена од „убави луѓе со префинет вкус“, како што самата водителка навела. Вечер за паматење на која да се присуствува е привилегија… Барем за неа!

Масата совршено декорирана, услугата беспрекорна, менито балансирано. Но, повеќето што ја гледаат и познаваат,  знаат едека Снеже Велков не јаде месо. И не само тоа. Таа е повеќе од вегетаријанец. Имено, водителката е веган.  А, како што е познато веганската исхрана се заснова на житарки, мешунки, овошје и зеленчук. Веганите не јадат  не само  месо, риба, морски плодови, туку и јајца, млеко, млечни производи, мед…

Првата порција предјадење тукушто ќе пристигне на масата, а во неа сервирано рижото… Само оривче, со печурки или морски плодови? Она првото и второто за Снеже е прифатливо,  ама она третото – никако!

Арно ама што и да има во чинијата, декорацијата е иста. Еден прекрасен цвет во црвено жолти бои, кој малку дури подналикува и на македонското знаме… Но, водителката ни пет, ни шест, туку веднаш наместо рижотото го изеде Драгољуб. Небаре е „вегански канибал“!?

Зашто кога ќе викнеш веган на вечера, прво цвеќето ќе ти го изеде. А, цвеќенцето да ти се викало Драгољуб!

Веројатно затоа, потоа и стаклените вазнички со бели цвеќиња што ја украсуваа масата, морале да ги тргнат понастрана од водителката? За секој случај, покрај Драгољуб да не отиде јабана и Роза или Орхидеја? Или сепак, не?

До душа, можеби сте слушнале за компарацијата кога велат дека веган пред излог на цвеќарница е исто како дете пред излог на слаткарница!? Како и да е, нека е – наздравје!

Фото: Инстаграм/velkovsneze

To top