Платформата Фанвју го организира првиот избор на Мис вештачка интелигенција (Miss AI) и сега ги објави десетте финалистки, кои доаѓаат од осум држави.

„Изборот има за цел да демонстрира промена на начинот како ги перцепираме убавината и креативноста во доменот на вештачката интелигенција. Тој ги спојува креаторите на вештачка интелигенција од целиот свет за да ги прикажат своите дигитални креации“, вели Вил Монанж, коосновачот на Фанвју.
Победникот на изборот ќе добие 20.000 долари.