Пејачката Александра Младеновиќ повторно привлече големо внимание на социјалните мрежи – овојпат, доволен беше само едно нејзино издание.

Таа на својот профил на Инстаграм објави мошне провокативна фотографија на која позира на кревет, а нејзиниот изглед никого не остави рамнодушен.
Александра седеше со прекрстени нозе, облечена во црн комплет од тантела што дополнително ја истакнуваше нејзината женственост.
Таа го заокружи изгледот со нежна шминка во неутрални тонови, додека косата ѝ беше пуштена, обликувана во благи кадрици што паѓаа преку нејзините раменици.

Нејзиниот заводлив поглед, вперен директно кон камерата, привлече посебно внимание и му даде дополнителен сјај на целокупниот изглед.
Пејачката уште еднаш покажа дека умее да го привлече вниманието со своите модни избори, а нема сомнеж дека и со оваа фотографија ќе предизвика бројни реакции кај нејзините следбеници.
Foto: Printscreen/Instagram/aleksandra_mladenovic_






