Мегафон неработни денови

Планирајте ги одморите навреме: Пет продолжени викенди во 2027 година

Планирајте ги одморите навреме: Пет продолжени викенди во 2027 година

Граѓаните во 2027 година ќе имаат пет можности за продолжен викенд, а Велигденските празници ќе донесат и четиридневен одмор. Распоредот на државните празници веќе е познат, па оние кои планираат патувања и одмори можат навреме да ги испланираат слободните денови.

Според календарот на неработни денови, првата можност за продолжен викенд ќе биде за Нова година, кога 1 јануари паѓа во петок, а слободни ќе бидат деновите до недела.

Најдолгиот празничен одмор ќе биде за Велигден, од 30 април до 3 мај, кога православните верници ќе имаат четири слободни дена. Продолжен викенд ќе има и за празниците Св. Кирил и Методиј, од 22 до 24 мај, како и за Илинден, од 31 јули до 2 август.

Последната можност за тридневен одмор ќе биде во октомври, кога Денот на народното востание, 11 Октомври, паѓа во понеделник.

Во текот на 2027 година се предвидени вкупно десет неработни денови за сите граѓани. Покрај нив, ќе има и дополнителни слободни денови за припадниците на верските и етничките заедници.

Неработни денови за сите граѓани во 2027 година:
– 1 јануари (петок) – Нова година
– 7 јануари (четврток) – Божик
– 9 март (вторник) – Прв ден на Рамазан Бајрам
– 3 мај (понеделник) – Втор ден на Велигден
– 24 мај (понеделник) – Св. Кирил и Методиј
– 2 август (понеделник) – Илинден
– 8 септември (среда) – Ден на независноста
– 11 октомври (понеделник) – Ден на народното востание
– 23 октомври (сабота) – Ден на македонската револуционерна борба
– 8 декември (среда) – Св. Климент Охридски

За граѓаните кои планираат одмор, најповолни ќе бидат периодите околу Велигден, Св. Кирил и Методиј и Илинден, кога празниците се спојуваат со викендите.

фото:Magnific

To top