Радио Милева исповед

Сузана Манчиќ откри интимен детаљ од младоста: „Бев малолетна кога ја изгубив невиноста“

Сузана Манчиќ откри интимен детаљ од младоста: „Бев малолетна кога ја изгубив невиноста“

Водителката и некогашниот симбол на шармот, Сузана Манчиќ, без задршка откри детали за своето прво интимно искуство, кое го имала на 16-годишна возраст, како и за силните емоции што ја воделе во тој период.

Сузана признала дека овој момент ѝ останал во убаво сеќавање и дека првото интимно искуство го имала со момче во кое била лудо вљубена.

– Тогаш завршувате еден живот и започнувате друг. Моето прво искуство беше прекрасно, а се случи кога имав 16 години. Бев толку вљубена во тоа момче што сакав да му се посветам само нему. Во тоа време долната старосна граница беше 16 години и морам да кажам дека едвај чекав да наполнам толку години за да можам да уживам со него – се присетила Сузана Манчиќ.

Познато е дека нејзиниот животен пат го одбележа и провокативното позирање за машко списание, што во тоа време предизвика вистинска бура во јавноста, но и во нејзиното семејство.

– Тоа беше огромен скандал за моите дома. Сопругот не разговараше со мене пет дена. Уште претходно ми имаше кажано, кога разговаравме на таа тема, дека ќе се разведе од мене. Бевме на летување кога изданието излезе, па ѝ се јавив на мајка ми и ја замолив да испрати роднина да го купи. Мајка ми се шокираше бидејќи никому не му кажав за тоа. Потоа ми се јави и ми рече: „Лилице, јас се гордеам со тебе“. Нејзината поддршка отсекогаш ми била најважна – изјавила таа.

foto: printscreen/facebook/Suzana Mancic

To top