Јелена, поранешната сопруга на пејачот Слоба Васиќ, на Инстаграм објави фотографии во многу провокативно издание.
Јелена позираше во елегантен црн фустан што ја истакнуваше нејзината привлечна фигура – особено долгите нозе – додека високите потпетици дополнително придонесоа за целокупната елеганција.

Судејќи според фотографиите, Јелена уживала во ноќното излегување, а насмевката што не ја тргаше од лицето открива дека одлично си поминала.

Јелена е многу активна на Инстаграм во последно време, каде што редовно споделува моменти од своето секојдневие и покажува како го поминува слободното време. Таа исто така спомна дека редовно вежба и се храни здраво.
Инаку, поранешната сопруга на пејачот Слоба Васиќ сè почесто се појавува во јавноста, неодамна присуствуваше на концерт на Петар Грашо, каде што пристигна во друштво на својата ќерка.
printscreen instagram/slobavasic_official





