Радио Милева конфликт

Сашка Каран ја нападна Луна Ѓогани: „Не смее да ме повика во емисија“

Сашка Каран ја нападна Луна Ѓогани: „Не смее да ме повика во емисија“

Сашка Каран јавно проговори за своето учество во ријалити и откри зошто Луна Ѓогани не ја повикува во својата емисија.

Најпрво се осврна на својата ријалити-кариера, која ја смета за завршена, откривајќи зошто повеќе не сака да биде дел од ваков формат. Таа истакна дека парите не се проблем, туку дека не ѝ се допаѓа начинот на кој денес функционираат ријалити-програмите.

„Тие го знаат моето мислење. Кога станува збор за хонорарите, никогаш немавме проблем – секогаш брзо се договаравме на обострано задоволство. Но, во моментов немам желба да влезам. Сметам дека повеќе не ми е местото во таков тип шоу. Ако утре форматот се промени и понуди нешто поинакво, вратите секогаш ќе бидат отворени, но засега не“, кажа Сашка.

Потоа се осврна на конфликтот со Луна и откри дали ја тужела.

„Не ја тужев Луна, туку имаше проблем со Гаги, но не би сакала повторно да ја враќам таа негативна енергија. Тоа го потиснав некаде длабоко во себе. Што се однесува до подкастот, не верувам дека Луна воопшто би ме повикала по сè што се случи. Јас не сум како другите гости кои лесно преминуваат преку сè – кај мене работите тешко се забораваат кога ќе се премине границата. Но, никогаш не напаѓам прва, освен ако некој сериозно не ме испровоцира. Мислам дека не смее да ме повика во емисија“, изјави таа за „Ало“.

foto: printsceen/instagram

To top