Мегафон во Македонската филхармонија

Музичкиот аудиовизуелен концертен перформанс NUMB – Tribute to Pink Floyd на 20 ноември доаѓа во Скопје

Музичкиот аудиовизуелен концертен перформанс NUMB – Tribute to Pink Floyd на 20 ноември доаѓа во Скопје

По фантастичното доживување летово во Античкиот театар во Охрид, уште едно издание на NUMB – Tribute to Pink Floyd – проект зад кој стојат врвни музичари.

Овој пат аудио-визуелното шоу кое веќе е потврдено дека ќе ги задоволи апетитите и на најпребирливите обожаватели на култниот светски бенд,  доаѓа во Скопје.

На 20. ноември 20226 г. (петок) во Македонската филхармонија –  NUMB – Tribute to Pink Floyd. Музички перформанс како единствено аудиовизуелно доживување кое ги буди и допира сите сетила.

Салата на Македонската филхармонија ќе изгледа и звучи како никогаш досега. Многу поразлично од вообичаеното, исполнета со совршен звук, визуелни ефекти, ласери, светлосни ефекти, видеопроекции и уште мноштво моќни новини на современата технологија кои оваа волшебна вечер ќе ви ја направат повеќе од магична.

И овој пат ќе бидат изведени дел од највредните дела на основоположниците на светската рок психоделија, легендарните  Pink Floyd, меѓу кои: „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште мноштво безвременски теми, кои го одбележаа музичкиот карактер и го формираа правецот и вкусот на неколку генерациии.

 

Затоа не треба да го пропуштите овој музички настан на 20-ти ноември, на сцената на Македонската филхармонија во Скопје,  каде ќе се случи уште едно фасцинантно издание на NUMB – Tribute to Pink Floyd, проект зад кој стојат врвни македонски музичари.

Настанот е во организација на „Fresh Union – Film, Music and Booking Agency“.

Влезниците можат да се набават на www.wayin.mk

To top