Водителката Снеже Велков секогаш има да ви каже „Нешто конкретно“… Или барем да ве праша… Ваше е што ќе одговорите и како тоа ќе биде во јавноста разбрано… А како ќе ја разберете вие неа и одговорите на прашањето кое ТВ водителката тргна да го одгатнува на една мошне интригантна тема.
До душа, можеби не е од ИРЛ (Истражувачката репортерска лабораторија), ама и Снеже Велков се здаде во „истражувачко новинарство“! Па тргна да ги користи социјалните мрежи како најсоодветна алатка за „рекла-кажала“, на кои пцуењето е можеби и водечка категорија!

Па „фино – лепо“ водителката си го отворила Инстаграм постирајќи прашање со дилема: „Која пцовка ви е најчудна?“ А пцовки милион! Тоа барем не ни недостасува. Арно ама меѓу сите пцости има некои што се „најегзотични“, а некои најзагадочни. Барем за водителката, па Снеже решила да ги најде одговорите по принципот: „Кој знае – нека се јави да појасни“!
Првата нејаснотија – зеленчукова! За сексот и пиперот се работи…

За да нема дилеми дали е раноградинарска или зачинета, одговорот стигна веднаш! И тоа логичен!

А кога сме кај Прилеп и прилепчани, мајтапот е познат фолклор… Веројатно со него во пакет одат и уникатните пцости.

Оваа ќе да е бизнис-банкарска пцовка или егзистенцијална пцовка, оти на мета се заработката или заштедата, сеедно! А еве и оти…

Кумановци имаат една пошироко позната пцовка… Утринска! И Снеже ја чула, ја знае само едно не знае, не и е јасно: „За поручек, што има на менито“?

До душа во истражувачкиот поход Снеже Велков се сретнала и со некои „епитети“ што и се ептен познати. Како таканаречената „кисела пцовка“, на пример…

Или онаа, според тоа како ја разбира водителката, восхитувачка пцовка.

Некои пцости за да ги разбере, Снеже сфатила дека треба да стави наочари, како за онаа Демирхисарската…

Некои други пцости пак за да и станат појасни или ќе и треба Chat GPT или пак ние ќе треба да и ги објасниме…

Чинтијани (архаично познати и како чантијани) се широки, долги ориентални панталони, односно вид на шалвари кои потекнуваат од турската традиција. Само овие – на мајка ти!

И така пцовка по пцовка, појаснување со образложение во зависност од сексот и градот, Снеже Велков својата истражувачко репортерска акција ја завршила со констатација дека пцовката и не мора да биде само негативна појава. Напротив – може да послужи како емотивно празнање, како лек за нервоза и стрес, ама само кога е во прашање твоето здравје… Со нус појава твојата првобитна состојба да му ја пренесеш на оној другиот – испцуениот! По што НЕ знаеме дали баш по „стратешки употребената пцост“ доаѓа до „Connecting people“?!? Освен ако конекцијата не е баш онаква – физичка!!!


Фото: Инстаграм/velkovsneze





