Радио Милева нема време ниту за сон

Тамара Милутиновиќ за најтешките моменти во нејзиниот дом: „Сè е полошо и потешко…“

Тамара Милутиновиќ за најтешките моменти во нејзиниот дом: „Сè е полошо и потешко…“

Пејачката Тамара Милутиновиќ отворено зборуваше за мајчинството, килограмите и балансирањето меѓу кариерата и семејството.

Тамара Милутиновиќ најпрво се осврна на својот изглед и откри на кој начин успеала да ја врати линијата по породувањето.

„Веќе зборував за тоа неколку пати. Последниот пат дури многу ме критикуваа затоа што го кажав тоа, но акупунктурата и автофагијата ми помогнаа. По бременоста и речиси 30 килограми вишок, успеав да се доведам во ред со ова „боцкање“, но со поинакво боцкање. Акупунктурата многу ми помогна во тоа, па сметам дека за сè постои лек, само треба да имаш карактер“, рекла пејачката.

Најголемиот дел од разговорот бил посветен на нејзината ќерка Емили и на емоциите со кои тешко се справува кога поради работата мора да се одвои од неа.

„Сè е полошо и потешко. Колку што сум среќна поради тоа што работам, толку ми е и тешко, бидејќи гледам дека и таа страда. Најмногу ми е жал што страда кога се разделуваме“, искрена била Тамара.

Таа објасни дека нема многу ситуации кога се одвоени, но дека подолгите отсуства од 24 часа особено тешко ѝ паѓаат.

„Малку се моментите кога не можам јас да ја заспијам, како вечерва. Јас вечерва ја заспав одамна и полека се подготвив. Таа ќе се разбуди многу подоцна отколку што јас ќе легнам покрај неа, така што нема ни да почувствува. Но тешки се ситуациите кога ќе заминам на еден ден, кога ќе отсуствувам 24 часа, тоа е драма. Жал ми е, но ете.“

Таа откри и дека малата Емили веќе добро е запознаена со нејзината работа и дека ги знае нејзините песни.

„Таа ги знае сите мои песни – „Мама ова го пее, мама синоќа пееше, мама, сакам да видам како си била облечена синоќа“. Утре, кога ќе се разбуди, веројатно ќе ме праша како сум била облечена и ќе бара да ѝ покажам фотографии и снимки. Така што таа веќе е упатена.“

На прашањето дали некогаш размислува да се откаже од кариерата и целосно да му се посвети на семејството, пејачката има јасен став.

„Не. Јас сум целосно посветена на семејството и покрај сè. Откажување од кариерата, што значи тоа? Кариерата е работа. Ние мора да работиме, сите мора да работиме. Особено не би се откажала од нешто што го сакам, а оваа работа е мојата љубов.“

„Оваа работа ја работам исклучиво од љубов, затоа што добро се чувствувам во своја кожа и верувам дека многу брзо би овенала доколку не се занимавам со она што го сакам и што ме исполнува. А семејството не трпи поради тоа, никогаш и не трпело. Моето дете не трпи поради тоа.“

Таа додаде и дека ќерка ѝ во текот на неделата речиси постојано е со неа.

„Имам среќа што моето дете осум од седум дена во неделата е со мене, буквално. Во текот на неделата постојано сме заедно, таа не се одвојува од мене. Имам среќа што работам трета смена и што таа не го чувствува тоа.“

Сепак, Тамара признава дека поради бројните обврски најмногу трпи нејзиниот сон.

„Сè стигнувам. Денес дури и ручек зготвив. Можеби трпи тоа што нема да зготвам ручек кога ќе отпатувам – следниот викенд одам во Виена, во Линц. Тој ден нема да зготвам ручек, а ќе зготвам во петок. Искрено, мислам дека ништо не трпи, можеби трпи моето здравје, бидејќи утре нема да спијам. Ќе спијам можеби два-три часа, таа ќе ме разбуди веќе во седум и потоа нема спиење цел ден. Ете, тоа е единственото што трпи.“

foto: printscreen/instgaram/tamaramilutinovic_

To top