Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ објави фотографија од ресторан во Милано и покажа дека отпатувал да биде со ќерката Атина пред почетокот на нејзините студии.
Постарата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, се пресели во Милано, каде што ќе студира и ќе живее. Откако ѝ го избраа станот, Јелена и помладата сестра Ника отпатуваа со неа во Италија за да бидат покрај неа во првите денови од студирањето, а сега им се придружи и татко ѝ.

Душко на својот профил на Инстаграм објави фотографија од еден луксузен ресторан во Милано, па сега е јасно дека и тој решил да биде покрај својата ќерка, која се наоѓа на голема животна пресвртница.

Инаку, како што дознаваат тамошните медиуми, заедно со Карлеуша во Милано е и момчето за кое се шпекулира дека е нејзин, 25 години помладо момче, Александар Шево, кој не се одвојува од пејачката.
Тие двајца биле снимени за време на вечерна прошетка по улиците на Милано, а вниманието го привлекле нивната опуштеност и усогласениот изглед.

Да потсетиме, Карлеуша неодамна зборуваше за односот со Душко и откри дека меѓу нив никогаш нема да може да постои пријателски однос.
„Не верувам. Душко и јас имавме брак, повеќе не сме заедно, но нашите две деца се една врска што нè поврзува засекогаш, поради која мора да бидеме разумни и така натаму. Иако, верувајте ми, кога би сакала, би можела веднаш да бидам со Душко. Кога би се потрудила, би се смириле, но јас тоа не го сакам“, рекла ЈК.
foto:printscreen/instagram/mega.zvezda.jk






