Веста дека по сопругата на пејачот Мустафа Сандал, поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, е распишана потерница ја изненади турската јавност.
Во рамките на голема истрага за финансиски малверзации што ја води Обвинителството во Истанбул, издаден е налог за апсење и распишана е потерница по Мелис Суцуруп Сандал – 19 години помладата сопруга на познатиот турски пејач Мустафа Сандал, поранешен сопруг на Емина Јаховиќ, како и по нејзиниот татко Џихан Суцуруп. Покрај налогот за лишување од слобода, турските правосудни органи наредиле и целосна блокада и замрзнување на целиот имот и банкарските сметки на таткото и ќерката.
Во истрагата се опфатени повеќе десетици лица, а во текот на постапката биле приведени повеќе од 50 луѓе.
Во турските медиуми се појавија тврдења дека Мелис во последните три месеци од спорните фондови подигнала или пренасочила огромна сума од дури 11,1 милијарди турски лири (околу 197 милиони евра). Поради сомнеж дека учествувала во незаконски финансиски трансакции поврзани со тие фондови, издаден е налог за нејзино апсење и блокиран ѝ е имотот.

Адвокатот на Мелис Сандал остро ги демантира наводите за незаконско извлекување пари и тврди дека сумата од 11 милијарди турски лири не претставува вистински пари што таа ги пренасочила „во свој џеб“, туку вкупниот обем на тргување што се акумулирал преку автоматски финансиски трансакции.
Мелис отпатувала во Дубаи и не се вратила во Турција, а нејзиниот адвокат тврди дека во Дубаи е исклучиво поради школувањето на детето и дека трансакциите кон странство биле редовни рати за купување недвижен имот, а не перење пари.
За целата ситуација се огласи и нејзиниот сопруг, познатиот турски пејач Мустафа Сандал. Тој истакнал дека со сопругата нема никакви финансиски врски ниту заеднички бизниси.

„Освен што сме во брак, Мелис и јас немаме никакво материјално партнерство. Веќе 32 години сум во музичката индустрија и немам никаква друга работа, професија ниту приход освен музиката“, изјавил тој.
Сандал исто така потврдил дека синот на неговата сопруга се школува во Дубаи и дека таа има регулиран престој во таа земја.
Да потсетиме, Мустафа Сандал и Мелис Суцуруп се во брак од 2022 година. Претходно тој беше во брак со пејачката Емина Јаховиќ, со која има два сина.
foto: Printscreen Instagram/melis_sutsurup







