Радио Милева смел изглед

Облините ги смести во проѕирен фустан: Јована Јеремиќ шокираше со новата објава

Облините ги смести во проѕирен фустан: Јована Јеремиќ шокираше со новата објава

ТВ-водителката Јована Јеремиќ повторно го привлече вниманието на јавноста и ги вжешти социјалните мрежи со својот најнов, неверојатно смел изглед – проѕирен фустан.

Јована на својот профил на Инстаграм сподели „селфи“ пред огледало, на кое носи долг, црн мрежест фустан со реси, кој бил целосно проѕирен.

Под проѕирната ткаенина јасно се гледаше провокативен костим за капење, кој ја истакнуваше нејзината фигура и неодамна вградените импланти во градите. Таа го комплетираше изгледот со темни очила за сонце и накит, додека делот за коментари под објавата се полнеше со бројни реакции од нејзините следбеници.

Оваа провокативна објава доаѓа во период на големи промени во нејзината кариера. Имено, водителката одлучи да го намали обемот на работа на ТВ „Пинк“ и да се откаже од ангажманот во петоците.

Како што самата истакна, таа ја донела оваа одлука за да може да им посвети повеќе време на семејството и на својата ќерка Леа.

„Не сакам да работам со истиот интензитет како претходно. На еден состанок му го препуштив терминот во петок на Сарапа, бидејќи едноставно веќе не можам да постигнам сè. На Леа ѝ е потребно моето целосно внимание. Секојдневно мораме да вежбаме математика и српски јазик. Сакам уште деца и големо семејство, но и кариера што ќе трае. Саботите и неделите остануваат мои денови“, изјави водителката.

foto: printscreen/instgaram/jeremicjovana

To top