Мегафон забавно - музичко ток шоу

Стартува втората сезона: „Вечер по 8“ со Миро Кацаров во прајм -тајм на ТВ Алфа

Стартува втората сезона:  „Вечер по 8“ со Миро Кацаров во прајм -тајм на ТВ Алфа

Денес, понеделник во 11:00 часот во музичкиот бар Интермецо на прес дружење со новинарите и преставување на втората сезона од ТВ  проект „Вечер по 8“ имаше водителот Миро Кацаров.

Пред претставниците на седмата сила, соработниците и спонзорите, Миро најпрвин зборуваше за сопствениот „пат до успехот“ и сите скалила низ кои минал по истиот за да дојде до она што денес го краси во изминатата и претстојната сезона на неговото забавно-музичко ток шоу – ТВ  проектот „Вечер по 8“.

Потоа ја најави старо-новата екипа во која покрај постоечките музички соработници од „Либеро бенд“, на водителот ќе му асистира и помага една млада дама, манекенката Ангелина  од модното студио  „Макмоделс“.

Миро зборуваше и за потешкотиите и проблемите со кои се судира продукцијата во подготвувањето на едно вакво шоу заради малата домашна естрада и карактерот на поедини естрадни ѕвезди, но и за она што ново го подготвуваат во претстојната сезона на шоуто.

Следуваа неколку новинарски прашања, по што новинарите и медиумските работници кои присуствуваа на пресот беа удостоени со подароци од дел од спонзорите.

Официјалниот дел заврши со меѓусебно неформално дружење и изјави за медиумите од страна на Миро Кацаров.

Првата епизода на „Вечер по 8“ од  новата, втора по ред сезона на музабавно-музичкото ток шоу стартува на Алфа ТВ веќе оваа сабота, 3-ти октомври во 20 часот.

Фото: Вистина.мк /Инстаграм/miroslavkacarov

To top