Петтото издание на Фестивалот на џез, светска и современа музика во Велес годинава ќе се случува на 25, 26 и 27 септември, а доаѓаат гости од Австрија, Финска и Израел.

„Гостите се џез квартет со моќен звук и свој препознатлив пристап кон современиот џез. Нивната музика ги спојува модалниот џез, впечатливите звучни текстури, силните ритми и импровизацијата, создавајќи звук кој истовремено е комплексен, атмосферичен и енергичен“, кажа Сашко Костов од „Арт генерација“, организатор на фестивалот.
„На 27 септември фестивалот се сели на платото пред Спомен-костурницата. Од 20 часот настап ќе имаат Лемпи и Шејли Шмули со фински, односно израелски етно мелос. Од 21 часот е велешкиот дицеј Дарко Спасовски“, рече Фаик Мефаиловски, кој е дел од организацијата.

Фестивалот се одржува со финансиска поддршка од Општина Велес и спонзорства од велешки компании.







