Славе Келешовски, во музичкиот свет познат како DJ Crazy Slave, е едно од имињата што оставија длабока трага во развојот на македонската диџејска, диско и клупска сцена.

Неговата приказна не е само приказна за човек зад грамофоните, туку и за музички ентузијаст, радиоводител, менаџер, организатор на концерти, човек кој соработувал со голем број ѕвезди од поранешна Југославија и Македонија и кој, по преселбата во САД, успеал да го зачува својот контакт со музиката и со македонската публика.

Иако денес живее на Флорида, Келешовски сè уште не се откажува од она што го започнал како тинејџер – музиката. Во Македонија редовно се враќа во летните месеци, а и во САД повремено настапува и организира забави, особено за македонската и балканската дијаспора.

Ова лето на гости му бевме и ние… Кај ДЈ легендата Славе Келешовски со кој ја отворивме новата – трета по ред сезона на поткастот „Ништо лично“, во кој тој и лично ја раскажува својата животна и професионална приказна.

Приказна за човек кој заминал далеку од Македонија, но никогаш не заминал од нејзината музика. Од Струга до Флорида – и назад секое лето.

Во продолжение проследете го видеото со целиот поткаст со легендарниот DJ Crazy Slave, а во кој раскажува многу моменти врзани за неговата кариера. Приказната од насловот ќе ја најдете на 35 минути и 25 секунди ( 35:25) во видото од целиот поткаст кое можете да го погледнете подолу.

Него како и сите други досегашни изданија на „НИШТО ЛИЧНО“ ќе ги најдете во секое време, 24/7 и тоа 365 дена во годината, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (






