Јаков Јозиновиќ го заврши летното крстарење на кое уживаше со пријателите и семејството.
По бројните настапи и бурните месеци, Јаков Јозиновиќ најде време за вистински летен одмор. Младиот пејач последните денови уживал на крстарење, а сега на социјалните мрежи објави низа фотографии со кои се прости од одморот.
Деновите ги поминувал на големата јахта „Freedom“, опкружен со море и недопрена природа, а не недостасувало време ниту за капење, сончање, дружење и опуштање на палубата.
Јаков на неколку фотографии позира бос и во лежерно летно издание, а покажа и како изгледала јахтата на која го поминале одморот. Покрај пространи палуби и места за одмор, на располагање имале и бројни содржини за забава на море, меѓу кои особено се издвојуваат големите тобогани кои од јахтата водат директно во морето.
View this post on Instagram
На одморот не бил сам. Друштво, меѓу останатите, му правеле Матија Цвек со сопругата Миријам и нивната ќерка Лота, како и браќата Тибор и Санин Карамеhмедовиќ од групата „Silente“.
Фотографиите најдобро покажуваат дека пред сè станувало збор за одмор исполнет со добро друштво. Екипата заедничките моменти ги поминувала на палубата и покрај морето, а Јаков објави и неколку спонтани фотографии со пријателите, како и една особено симпатична фотографија со малата Лота.
Колку му значел овој одмор, открил и во пораката со која го заокружил своето летно патување.
„Каква незаборавна недела е зад нас!!! Голема благодарност за ваквата можност и за ваквиот одмор, ќе го паметиме засекогаш!! Се дружев со пријателите и семејството, батериите се полни и подготвени сме да продолжиме со есенскиот дел од турнејата! Ве бакнувам“, напишал Јаков.
Одморот му дошол во вистински момент, бидејќи по летото повторно го очекува густ работен распоред. Јозиновиќ во последните месеци доживеа голем пораст на популарноста, особено благодарение на социјалните мрежи, по што следуваa низа распродадени настапи.
Сега, како што и самиот порача, со наполнети батерии се враќа на обврските и подготовките за есенскиот дел од турнејата. Летниот одмор официјално завршил, а фотографиите од крстарењето ќе му останат, како што вели, спомен кој ќе го памети засекогаш.






