Фолкерот Миле Китиќ поради соседите се сели од Белград.
Миле откри детали од приватниот живот, а допре и до сопругата Марта Савиќ, но и ќерката Елена.
– Па Марта се врати од Доминиканска Република, дојде сега, има некои обврски. На Авала градиме куќичка, рече тој и додаде дека таму ќе се пресели бидејќи му треба приватност.
– Веќе ја губам приватноста во градот. Околу мене се градат згради. Имам добра парцела таму и ќе направиме нешто ситно, за да уживам. Тој додаде дека му е мило што неговата ќерка е среќна во врската, а откри и дека наскоро ги пакува куферите и заминува од Србија.
-Одам на одмор, најмалку 3 месеци во Доминиканска Република. Лани останав 2 месеци, сега сигурно ќе останам 3. Па, време е да одморам малку.
фото: printskrin/instagram/milekitic