Радио Милева природно пред камерата

Гола на сред плажа: Хајди Клум ги покажа бујните гради топлес (фото+видео)

Гола на сред плажа: Хајди Клум ги покажа бујните гради топлес (фото+видео)

Германската манекенка и ТВ ѕвезда Хајди Клум повторно успеа да привлече огромно внимание на социјалните мрежи.

Во нејзината последна објава на Инстаграм, таа се појави топлес додека уживала на плажа, а својот стајлинг го комплетирала со шапка,  очила за сонце и бикини долен дел.

Дискретно ги покри своите бујни гради со шапка, што дополнително го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Видеото е снимено за време на одмор покрај море, а друштво и правело нејзиното куче Фриц, кој исто така е во кадарот, како и нејзиниот сопруг.

Видеото на кое Хајди влегува во морето топлес предизвика многу коментари.

Коментарите под објавата беа брзи. Многумина ѝ рекоа дека изгледа фантастично и дека годините очигледно не се пречка за неа, додека други ја пофалија нејзината самодоверба и леснотија пред камерите.

Ова не е прв пат Хајди Клум да објавува фотографии или видеа во оскудни изданија.

Манекенката постојано покажува дека се чувствува сосема природно пред камерата, а нејзините летни објави речиси редовно предизвикуваат бура од реакции на социјалните мрежи.

Фото: printscreen/Instgaram/heidiklum

To top