Ќерката на Том Круз, Сури го смени презимето во Ноел. Станува збор за средното име на нејзината мајка, Кејти Холмс.
Круз и Холмс се разведоа во 2012 година, по што Сури продолжи да живее со мајка ѝ. Наводно, таткото и ќерката немаат близок однос. Сепак и двајцата остануваат воздржани од коментари.
Сури Круз моментално студира музички театар на универзитетот „Карнеги Мелон. Нејзината одлука привлече големо внимание од јавноста.
Ова е потврдено со податоци од регистарот на гласачи првично објавени од Page Six.
20-годишната студентка на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург се регистрираше за гласање под името Сури Ноел уште во октомври 2024 година. Таа го користеше истото име неколку месеци претходно, на матурата во средно училиште во јуни истата година.
Два месеци по матурата на нејзината ќерка, Холмс зборуваше за Сури во интервју за списанието „Таун енд Кантри“. „Горда сум на мојата ќерка. Секако дека ќе ми недостига, но навистина сум горда на неа и сум среќна“, рече таа.
„Се сеќавам како е да се биде на таа возраст, во период на нови почетоци. Возбудливо е да се запознаеш себеси и го обожавав тоа време, па затоа е убаво да се размислува за тоа на тој начин.“






