Повеќе од 500 гости и 60 концерти се најавени на 11. издание на ПИН музичка конференција и шоукејс фестивал, што ќе се одржува од 28 до 30 ноември во Младински културен центар како веќе традиционална најава на Таксират. Влезот за сите настани е бесплатен.
Официјалното отворање е вечерва во 19 часот, а целосната програма може да се види на pinconference.mk.
Музичарите кои ќе настапат на ПИН доаѓаат од повеќе од 30 земји, како од цела Европа, така и од Јапонија, Буркина Фасо, Мали и Конго. Меѓу нив се Бубакар Траоре, Лука Рајиќ, „Аваланш Каито“, „Берлин Менсон“, Ида Престер, „Хелем нејсе“, „Фули мизики“, „Пичвајз“, „Хајка“, „Занаду“ и десетици други.







