Радио Милева роденденска забава

40-ка за Елена Ристеска: Пејачката со славеничко расположение го прослави јубилејот

40-ка за Елена Ристеска: Пејачката со славеничко расположение го прослави јубилејот

Македонската пејачка Елена Ристеска ги прослави своите 40-години со незаборавна роденденска забава меѓу најблиските и соработниците.

Иако  јубилејот  таа го одбележа на 27 април, пејачката сега организираше спектакуларна забава за оние најважните за неа.

Тортата била  во форма на бројот „40“, со бела глазура украсена со црвени малини и 40 златни свеќички.

Пејачката се појавила во елегантна бела комбинација од палто и кратко здолниште, се комлет дополнето и заокружено со златни сандали.

На социјалните мрежи веќе кружат видеа и слики од веселиот амбиент. Елена го извела својот хит „Доживотно“, а гостите танцуваа расположени и со насмевки. Микрофонот го зграпчи и Антониа Гиговска, која запеа пред сите.

DJ Мац ја држел музичката енергија, додека дел од гостите, вклучително и блискиот соработник на Елена, Даниел Николовски, ја извел кореографијата на евровизиското „100% Те љубам“.

Весна Петрушевска Бејби и упати  емотивна порака која Елена ја сподели на кратката приказна на Инстгарам, за нивното повеќегодишно  пријателство: „Елена ти наполни 40 години, а мене ми се врти во глава дека те знам од твојата 16 годишна возраст и како го прашувавме татко ти дали ќе те пушти со нас големите во Охрид. Беше со нас вчера и тој“.

Инаку, Елена го загуби својот татко Ацко во септември 2016 година, а за него секогаш зборува со многу љубов и топлина.

 

Foto: printscreen/instagaram/elenaristeska_era

To top