Мегафон во сабота на 14 ноември 2026 година

„30 години Виолина и Гитара“: Коки Јанков со голем солистички концерт во Македонската филхармонија

Три децении музика, песни и спомени ќе бидат собрани на едно место на концертот на Коки Јанков, кој на 14 ноември, со почеток во 20 часот, ќе се одржи во Македонската филхармонија.

„30 години Виолина и Гитара“: Коки Јанков со голем солистички концерт во Македонската филхармонија

Под мотото „30 години Виолина и гитара“, Коки ќе одбележи значаен јубилеј од своето музичко творештво, заедно со пријателите, соработниците и публиката која низ годините ги следела неговите песни.

Посебно место во оваа приказна има и дуото „Дуле и Коки“, кое остави бројни песни зад себе, а токму „Виолина и гитара“ е една од песните по кои ќе се памети нивното заедничко творештво. На концертот неизбежно ќе оживеат и спомените на Дуле Љубисављевиќ, со кого Коки со години ја делеше сцената, создаваше и настапуваше. Преку песните, публиката ќе има можност повторно да се потсети на нивното заедничко музичко патување и на времето кога „Дуле и Коки“ беа едно од препознатливите музички имиња кај нас.

Концертот е замислен како музичко потсетување на времињата поминати заедно, но и како средба на повеќе генерации музичари и луѓе кои оставиле свој белег во неговиот досегашен пат.
„Ќе пееме, ќе свириме и ќе си кажеме по нешто. Ќе се потсетиме на времињата поминати заедно“, најавува Коки, кој посебно се осврнува на песните што останале и по сите овие години.
На сцената на Македонската филхармонија се очекува да се соберат гости, пријатели и соработници на Коки, во концерт кој ќе биде своевидно музичко дружење и навраќање на три децении исполнети со музика.

Ова ќе биде вечер во која песните ќе ги спојат спомените, пријателствата и три децении музика на Коки Јанков – но и вечер во која преку нивната музика ќе оживее споменот на Дуле и заедничката приказна на „Дуле и Коки“.
На јубилејниот концерт „30 години Виолина и Гитара“, Коки Јанков на сцената во Македонската филхармонија ќе ги собере своите долгогодишни пријатели, колеги и естрадни соработници.
Како специјални музички гости кои ќе застанат со него и ќе ги изведат незаборавните хитови се потврдени:

Ристо Самарџиев – близок пријател и соработник на дуото уште од нивните самите почетоци. Игор Џамбазов,Бојана Скендеровски, Зоран Илиев.

Сите тие, преку специјално подготвени изведби, ќе помогнат да оживее споменот на Дуле и на заедничката безвременска приказна која ја изградија со Коки.

Концертот е посветен на творештвото коешто го создаваа заедно со неговиот прерано починат пријател и колега, Душан Љубисављевиќ – Дуле,но и на неговата самостојна кариера со групата „Тајфа“.
Како дел од овој голем јубилеј, тој го промовира својот нов двоен албум насловен „Навикни на промени“ кој содржи 20 песни и видеа, вклучувајќи ги и најновите синглови како „Пиво 9то“ и „Виолина и гитара“.

Концертот „30 години Виолина и Гитара“ е вечерва, сабота (14 ноември во 20:00 часот) во Македонската илхармонија.
Билетите можете да ги набавите  на kupikarta.com.

Фото:Инстаграм/kokijankov

 

To top