Промотер

2Бона и Лозано навидум неспоиви, сепак се спој за сечиј вкус, доказ – „Минус и плус“ (ВИДЕО)

2Бона и Лозано навидум неспоиви, сепак се спој за сечиј вкус, доказ –  „Минус и плус“ (ВИДЕО)

Вистински музички шок се случи вчера на социјалните мрежи кога момците од 2Бона и Влатко Лозаноски – Лозано ја објавија нивната прва заедничка песна со наслов „Минус и плус“. 

Музички проект, кој е големо изненадување за публиката, а веќе започна да ниже бројки, пофални зборови и воодушевување на социјалните мрежи.

„На македонската музичка сцена недостасуваше нов, свеж и несекојдневен музички проект“, „Каква спојка, браво момци“, „Спојкава може цел албум да направи заедно“ – се само дел од коментарите.

Музиката, текстот и аранжманот се заедничко дело на Лазар Цветковски, Магдалена Ена Цветковска и 2Bona, што резултира со современ звук и препознатлива енергија. Зад видеото стои режисерот Стефан Димитриески- Steadyflow кој со креативен пристап и модерен визуелен јазик ја доловува приказната на песната.

Факт е декс овој проект претставува интересен музички спој кој ги руши жанровските граници и носи нешто ново на домашната сцена. „Минус и плус“ е доказ дека различностите можат да создадат вистинска магија кога ќе се спојат на вистински начин. За соработката и првичните реакции, за медиумите проговорија и самите артисти.

„Искрено, презадоволен сум – го погодивме vibe-от што го сакавме. Реакциите се топ и тоа ни е најбитно. Се покажа дека трудот се исплатеше. Драго ми е што луѓето го препознаваат тоа“, вели Тони. „Долго време сакавме да направиме песна со Влатко и неколку пати го дискутиравме тоа со Лазар во студио. Знаевме точно што сакаме и какви ќе бидат реакциите“, ни изјави Кун.

„Одлични се реакциите и тоа навистина ме радува. Се надевам дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина ќе слушнете уште нова музика од нас“, беше коментарот на Лозано.

To top