Радио Милева времето не лечи баш се'...

18 години без Тоше, а Весна Бејби Петрушевска и 18 години подоцна – неутешна: „Цело полнолетство без тебе… секој 16-ти октомври боли исто како првпат“

18 години без Тоше, а Весна Бејби Петрушевска и 18 години подоцна – неутешна:  „Цело полнолетство без тебе… секој 16-ти октомври боли исто како првпат“

И по 18 години од тоа кобно утро, од тогаш најтажниот ден за Македонија, регионот, целиот Балкан,  ниту една емоција не се промени, откако физички го нема, зашто толку многу е присутен во нашите мисли и срца – единствениот Тоше Проески кој на денешен ден во 2007 година замина во вечноста!

Последна која го испрати беше акатерката Весна Бејби Петрушевска, автор и водителка на тогаш многу гледаното ток шоу „Вртелешка“ во кое само 6 часа пред  да замине така млад и полн со живот, идолот на сите генерации и гостуваше.

Неговата пријателка Весна Бејби, со која како му растеше популарноста – така релациите им стануваа се поблиски,  го споменува во секоја можна прилика, но на деновите кога е роден и починал, сеќавањата некако сами навираат зашто тогаш тагата е посилна, поголема, подлабока, потешка… Таа како и секогаш во изминативе години и овој 16-ти октомври  со грутка во грлото и болка во градите по Тоше, сподели еден од оние нејзини емотивни постови кои знаат да наежат, како и овој најновиот, во кој покрај фотографијата на нејзиниот Кирил како малечок во прегратките на Тоше, таа емотивно се сеќава на оваа предконцертна средба во гримиорната зад сцената на Универзална сала…

„8 години без Тоше…
И сè уште не научивме како се живее со таа празнина.
Секој 16 октомври боли исто — како првпат.
Секоја песна е спомен, секој стих — парче од душата што тој ја остави на овој свет.

Имаше светлина што не гасне, глас што не старее и срце што не заборава.
Со Тоше не замина само човек, замина добрината во најчистата форма.
Но, остана нешто повисоко — верата дека љубовта е посилна од времето,
и дека некои луѓе не се забораваат…
само се слушаат со затворени очи. Трчам, ја заспивам Мина го грабнувам Кирил и правец Универзална сала. Треба да има концерт, вратен е од Бања Лука.Со најголемо извинување Љиља ми вика: Знаеш требаше еден твој колега за да не те замараме сега ги зема децата, ама ни откажа во последен момент.
Велам не се секирај, нека не се далдисува и Тоше трчам со се пелени.
Влегувам задишана во таа малата гримиорна и го гледам него скапан уморен. Ме прашува дали има публика?
Го гледа Кирил првпат го крева и вели: Морееее курле најубо!
Ги сликнав не знаејќи дека ќе им биде единствена фотографија.
Му велам дај побргу да излезеш да идеш да одмориш.
Ти ќе ме гледаш од ложа така ?
Природно дека ќе те гледам…
Секогаш го гледав како да е сега застанат на сцена.
Ми намигнуваше од сцена.
На Кирил ништо не му беше јасно освен дека многу девојчиња го сакаат. Фасциниран беше од него.
Цело полнолетство без тебе… кај мене ќе трае цел живот. Ми фали твојата насмевка, прегратка и љубовта. Те сакам знаеш? Кревам глава и јас ти намигнувам“.

Фото; Инстаграм/toseproeski_/vesnapetrushevska

To top